Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Дел од нашата понуда:

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Белград

 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

СПЕЦИЈАЛНА НОВОГОДИШНА ПОНУДА

31/12/2014-02/01/2015

3 дена / 2 ноќевања

БЕЛГРАД

1 ден (среда ) 31.12.2014 СКОПЈЕ – БЕЛГРАД

Поаѓање од Скопје во 02.00 пред VIP хотел. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи за одмор и царински формалности. Попатно, утринска посета на Ниш и неговите знаменитости. Пристигање во Белград во попладневните часови.   Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија,  храмот „Св. Сава“, Собранието , црквата „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Сместување во хотел. Вечерта дочек на Новата 2015 година на плоштад со голема новогодишна забава со учество на познати музички имиња. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

2 ден (четврток) 01.01.2015 БЕЛГРАД – НОВИ САД – БЕЛГРАД

Појадок. Факултативен излет до Нови Сад. Нови Сад е центар на српската култура, уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Белград.  Одмор и подготовка за втората новогодишна вечера. Можност за факултативна вечера на најпознатата белградска боемска улица – Скадарлија.Ноќевање.

 

3 ден (петок) 02.01.2015  БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

Појадок. Потоа одјавување од хотел. Посета на шопинг центар Ушче. Поаѓање за Македонија во попладневни часови. Патување назад со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигање во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5700 MKD

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз на наведената релација со високо туристички автобус  или минибус

2 ноќевања со појадок во хотел со 3 * во Белград

Разгледување на Белград со локален водич

Организација и реализација на патувањето

Туристичка такса

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Влезници за културни-историски знаменитости

Факултативна вечера на Скадарлија (втора новогодишна вечер – пријавување при резервација на аранжманот)

Факултативна посета на Нови Сад -10 евра

Патничко и здравствено осигурување

 

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници за автобус и 25 патници за минибус

За овој аранжман важат Општите услови на патување на ТА ИБЕГАЛИС

 

Доколку не се оствaри минималниот број на патници агенцијата го задржува  правото да го откаже патувањето или да ја зголеми цената на аранжманот  како и цените на факултативните излети.

Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.

Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување патниците го вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата која е наведена во самата понуда на лице место.

Цените се изразени по лице во стандардни двокреветни соби.

Видот и квалитетот на храната  зависи од категоријата на хотелот а организаторот нема влијание врз истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнувањето во хотелот. Организаторот неможе да  влијае на спратот,  позицијата на собата или пак големината  на креветите.

За сместување на патниците задолжен е придружник / претставник на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14.00 часот од денот на важноста  на аранжманот до 12.00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога  гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот првиот ден пред 14.00час / последниот ден по 12.00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Огранизаторот  го задржува правото на промена во програмата  кои се однесуваат  на распоредот  на поедини содржини заради објективни околности.

Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ .