Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Дел од нашата понуда:

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Будимпешта - Виена

 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

СПЕЦИЈАЛНА НОВОГОДИШНА ПОНУДА

28/12/2014-01/01/2015

5 дена / 2 ноќевања

1 ден 28.12.2014 (недела ) Скопје

Поаѓање во 20.00 часот од Скопје (паркинг пред хотел Вип). Патот води на граничниот премин Табановце преку Србија. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден 29.12.2014 (понеделник ) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и прошетка низ центарот на градот по една од најпознатите улици во центарот на градот - улицата Ваци. Сместување во хотел и краток одмор. Попладнето панорамско разгледување на Будимпешта со локален водич: БУДИМ - мостовите на Дунав, Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската Тврдина, ПЕШТА - Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите; Парламентот, градскиот парк, улиците Андраши и Ракочи; црквата Св.Стефан. Ноќевање.

 

3 ден 30.12.2014 (вторник) Будимпешта

Појадок. Факултативно крстарење со брод по реката Дунав - најромантичниот разглед со прекрасна глетка на убавините кои ја сочинуваат Будимпешта. Слободно попладне со можност за посета на трговски шопинг центар. Вечерта факултативна посета на национален ресторан “ЧАРДА“. Вракање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 31.12.2015 (среда) Виена

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и целодневен факултативен излет до Виена. Разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата Св. Стефан, шарената куќа Хундервасер. Слободно време низ центарот на Виена. Дочек на Новата 2015 Година во центарот на Виена со разновидни музички изведби на повеќе локации за сите вкусови и генерации. Поаѓање за Македонија преку Будимпешта иБелград, ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден 01.01.2015 (четврток) Скопје

Пристигнување во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7150 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз на наведената релација со високо туристички автобус  

Сместување во 3* хотел на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта

Разгледување на Будимпешта со локален водич

Организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Влезници за културни-историски знаменитости

Крстарење со брод по реката Дунав – 15 еур

Факултативна вечера во национален ресторан  “Чарда” -30 еур

Целодневен излет до Виена и разгледување со локален водич – 20 еур

Патничко и здравствено осигурување

 

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови на патување на ТА ИБЕГАЛИС

Доколку не се оствaри минималниот број на патници агенцијата го задржува  правото да го откаже патувањето или да ја зголеми цената на аранжманот  како и цените на факултативните излети.

Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.

Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување патниците го вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата која е наведена во самата понуда на лице место.

Цените се изразени по лице во стандардни двокреветни соби.

Видот и квалитетот на храната  зависи од категоријата на хотелот а организаторот нема влијание врз истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнувањето во хотелот. Организаторот неможе да  влијае на спратот,  позицијата на собата или пак големината  на креветите.

За сместување на патниците задолжен е придружник / претставник на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14.00 часот од денот на важноста  на аранжманот до 12.00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога  гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот првиот ден пред 14.00час / последниот ден по 12.00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Огранизаторот  го задржува правото на промена во програмата  кои се однесуваат  на распоредот  на поедини содржини заради објективни околности.

Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ