Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Дел од нашата понуда:

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Медитеранска тура

 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

СПЕЦИЈАЛНА БОЖИЌНА ПОНУДА

24-28/12/2014

5 дена 4 ноќевања

Hotel “Grand”4* - Неум 
****the best luxury hotel and spa****

 

     I Ден 24/12/2014 Скопје – Скадар – Будва - Неум

     Поаѓање од Скопје (место и време  на поаѓање е по договор со групата) со попатни застанувања. Пристигнување во Скадар,  градот со облик на дијамант кој е сместен помеѓу цитаделата Розафа Албанските алпи и прекрасното сино Скадарско Езеро. Групата  патувањето го продолжува кон Будва најстариот град на Црногорскиот брег со разглед и кратка турнеја низ градот. Пристигнување во Неум  и трансфер до хотелските соби. Вечера. Ноќевање.

 

     II Ден 25/12/2014 Неум – Дубровник – Неум

      Појадок, а веднаш потоа  заминување за Дубровник градот  под заштита на УНЕСКО кој се карактеризира  како споменик на природни убавини и културно наследство. Разглед на градот со професионален водич....Стариот град, Страдун, фонтаната Онуфрио, тврдините, Фрањевачкиот манастир...слободно време за индивидуален разглед на градот. После разгледот  на градот  ви препорачуваме да се качите на ридот Срџ со помош на жичара од каде што  би имале  незаборавен поглед на градот. Таму може да го испиете вашето попладнево кафе во стаклената кафетерија. По враќањето во градот може  да направите и прошетка со многубројните бродчиња надвор од ѕидините на старото пристаниште. Патувањето продолжува  кон Стон, мал град целиот во тврдина на полуостровот Пељешац препознатлив по средновековните ѕидови кои го опкружуваат целиот град. Исто така Стон е препознатлив по производството на остриги и на морска сол. Враќање во хотелот во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.

 

       III Ден 26/12/2014 Неум – Сплит – Трогир – Неум

       Појадок  и заминување за Сплит. Време за прошетка и запознавање на градот, во кој што  Римскиот  император Диоклецијан  ја изградил својата палата  во форма на Римски замок. Тој претставува град кој и сами ќе видите дека собира податоци од многу различни култури. Потоа групата го продолжува своето патување кон Трогир кој претставува  историски град и пристаниште на далматинскиот брег на Хрватска. Разгледување на градот кој има  историја стара 2300 години врз кој имале влијание античките Грци, Римјаните како и Венецијанците.Градот  има изглед на остров населба кој датира уште од Хеленичкиот период. Враќање  на групата во хотелот во Неум. Вечера. Ноќевање. 

 

        IV Ден 27/12/2014 Неум – Мостар – Неум

        После појадокот  групата го продолжува своето патување кон Мостар. Посета на новиот  и стариот дел од градот. Името го добил по чуварите на мостовите на обалата на реката Неретва. Новиот дел од градот е познат по рушевините од време на војната. Во стариот дел од градот се наоѓа  познатиот  Стар Мост изграден уште во 16 век подоцна срушен за време на војната  во 1993 година  за  во 2004 година повторно да биде изграден. Мостот е првиот културен споменик кој што е заштитен од УНЕСКО. Слободно време за уживање во прекрасната  глетка, шетање  и шопинг. Враќање назад во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

       V  IV Ден 28/12/2014 Неум – Koтор – Подгорица - Скопје

       Појадок и веднаш  потоа со најдобрите  впечатоци го започнуваме патувањето назад кон Македонија. Првата станица е посета на стариот дел на градот  Котор споменик на природни убавини  изграден помеѓу 12-ти и 14-ти век. Градот е опкружен со средновековен ѕид долг 4.5 километри. Патувањето го продолжуваме кон Подгорица најголемиот град и главниот град на Црна Гора, во кој има голем број на театри како и културни и историски споменици. Попатни застанувања и пристигнување во Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8999 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз на наведената релација со високо туристички автобус

Сместување во Гранд Хотел  **** на база полупансион

Шведски стол за доручек и вечера 

Панорамско разгледување на сите горе  наведени градови

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Туристичка такса

Организација на аранжманот и професионален туристички водич

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Факултативен излет во Дубровник и Стон 25 евра (гратис возење со бротче до Локрум)

Факултативна посета на Мостар заедно со Кутово Блато 25 евра (гра)

Влезници за локалитетите

Патничко и здравствено осигурување

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови на ТА ИБЕГАЛИС

Доколку не се оствaри минималниот број на патници агенцијата го задржува  правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот  како и цените на факултативните излети.

Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.

Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување патниците го вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата која е наведена во самата понуда на лице место.

Содржината на Панорамските тури и разгледи се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови, гранични контроли …...)

Цените се однесуваат за стандардни двокреветни соби. Погледот на собата агенцијата не може да го гарантира.

Видот и квалитетот на храната  зависи од категоријата на хотелот а организаторот нема влијание врз истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнувањето во хотелот. Организаторот неможе да  влијае на спратот,  позицијата на собата или пак големината  на креветите.

За сместување на патниците задолжен е придружник / претставник на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14.00 часот од денот на важноста  на аранжманот до 12.00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога  гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот првиот ден пред 14.00час / последниот ден по 12.00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Огранизаторот  го задржува правото на промена во програмата  кои се однесуваат  на распоредот  на поедини содржини заради објективни околности.

Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ .