Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Дел од нашата понуда:

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Hotel Karavel 3***

 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 
 

Пакет аранжмн за едно лице во Лимасол, Кипар (21.10 - 25.10.2015):

4 ноќевања со појадок и вечера

Сместување во двокреветна соба во Hotel Karavel 3* во Лимасол, Кипар

Авионски превоз Солун - Кипар - Солун со Aegean Airlines

Автобуски превоз Скопје - Солун - Скопје

Пратител и туристички водич за време на патувањето

Кипар е островска држава во Средоземното Море поделена на два дела: северен, турски дел (Северен Кипар) и јужен, грчки дел (Јужен Кипар). Кипар како трет најголем остров во Средоземно море се одликува со развиен туризам и огромна посетеност, особено за време на летната сезона. Покрај тоа што есента наближува, температурата на морето изнесува 28 C' степени и е погодно е за бањање. Белите песочни плажи и пријатната клима ја прават оваа држава привлечна за туристи кои доаѓаат од целиот свет.

Опис на програмата

 

1 ден Скопје - Солун - Лимасол

Средба на одреденото место и поаѓање кон аеродромот. Чекирање на на авионските билети и лет за Кипар до аеродромот во Ларнака. Пристигнување ,превземанје на багажот,сместување во автобус и поагање за посета на прочуената џамија Хала Султан. Џамијата е изградена во 648 година на местото каде е починат Ум Харам,поаѓајки од магаре на патот koj сe уште постои,а се смета за еден од првитеарабски патишта во Кипар.Според преданието Ум Харам бил роднина на Мохамед.Потоа посета на црквата Свети Лазар.Величествениот храм изграден е од императорот Леонта Мудриот во 9 ти век,и повторно возобновен во 17 от век.Црквата претставува еден од најубавите примери на Визандиската архитектура во Кипар.Неговиот гроб се наоѓа под светата трпезарија на црквата.Потоа сместување во хотелот. Вечера и ноќевање.

 

2 ден Лимасол-  Планински венец Троодос - Манастир Кику - Лимасол

Доручек во хотелот и поаѓање од хотелот за да ги видиме планинските населби полни со зеленило во Кипар.Ќе ги посетиме познатите Платрес кои се опеани во многу песни. Ќе го пропатуваме и крстариме планинскиот венец Троодос, кој се наоѓа на 1750 метра надморска висина.продолжуваме кон најпознатиот и најбогатиот манастир во Кипар,светиот манастир Кику, изграден во 1100 година и е посветен на Богородица. Во манастирот ќе ги видиме најпрочуените икони. Покрај тронот- престолот на Богородица ќе го посетиме и гробот на архиепископот Макариос,првиот претседател на Кипар.Во продолжение ќе ги посетиме селата Бутулас,Калопанајотис и најубавото село Педула.Таму можеме да имаме слободно време за незадолжителен ручек.Во тоа место има и национален ресторан.Потоа враќање во хотелот.Вечера и ноќевање.

 

3 ден Лимасол

Доручек во хотелот и слободен ден за прошетка ,посета и разгледување на градот и на неговите атракции. Вечера во хотелот и ноќевање.

 

4 ден Лимасол - Пафос - Демесос - Лимасол

Доручек во хотелот и поаѓање за целодневен излет во прекрасниот град Пафу.поминувајќи покрај безграничните насади на лозја и портокали стигнуваме до тврдината на Ипотон во Колоси,изградена во 13 век поминуваме покрај англиските бази и фотографирање на каменот на Ромиу,Во митологијата се толкува дека е настанат од пената и брановите од преубавата божица на убавината и љубовта Афродита.Посета на Коирио ,кој бил значаен антички град -кралство.Денес еден од позначајните локалитети во Кипар.Потоа посета на капелата на Свети Соломос изградена во средниот век.Во ова место христијаните доаѓале за благословување.Потоа посета на столбот на кој е камшикуван Апостол Павле.Ќе ги посетиме и дворците на Дионисиу со постоечките мозаици,Ќе пристигнеме и на пристаништето на Пафу со убавата тврдина. Го посетуваме и местото Лемеро во кое ќе имаме и слободно време за ручек.Потоа враќање во хотелот.Вечера и ноќевање.

 

5 ден  Лимасол - Лефкосија - Ларнака - Солун - Скопје

После доручекот во хотелот рано наутро со багажот се сместуваме во автобусот и тргнуваме за главниот град на Кипар-Левкосија. Првата станица е тумбето на Македонитиса,воени гробишта на хероите покрај манастирот на Македонитиса.Во ова место се закопани војници и офицери кои го бранеле Кипар.Исто така посета на Венецијанските зидови, Археолошкиот музеј, Катедралната црква на Свети Јован со единствени фрески, палатата на архиепископијата. Потоа посета на затворските гробишта. Тука постојат гробови на луѓе од народноослободителната војна. Од едната страна се гробовите и спомениците на убиените во војната,а на другата страна се затворските келии и бесилката каде Англичаните ги обесија хероите. Потоа слободно време за прошетка во чаршијата. Превоз до аеродромот во Ларнака, лет за Солун и враќање назад.